Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со „шпицниот-рекетар“ пред да пушта соопштенија за приватните превозници

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со „шпицниот-рекетар“ пред да пушта соопштенија за приватните превозници

Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар“ да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз“ каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар“ наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници, порачаа од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Оттаму апелираат до ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, да престане да се служи со лаги и со манипулации.

„ Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место – директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар“.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар“, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци.

Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници“ порачаа од градот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри

Мицкоски ветува набавка на 100 нови амбулантни возила

Заврши „Охридско лето“ 2025 – 24info.mk