Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Срамота е Курто Дудуш да обвинува за расизам, тој ги труе сопствените граѓани и прави екоцид врз сопствениот народ

Screenshot 2024 11 27 174435.jpg

Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам.

За жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш, реагираат преку соопштение од Град Скопје.

Срамота е додаваат од оваа институција, во 21 век, во 2024 година вакви луѓе да зборуваат и да обвинуваат други за наводен расизам. Во време кога здравата животна средина е императив , да ги труеш своите сограѓани креирајќи диви депонии не е расизам туку екоцид врз сопствениот народ.

Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје.

Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави.

Можете да прочитате

„На потег е Арсовска“, Славески и прати барање за мислење за нова цена по која ќе возат приватните автобуси

Скопје„На потег е Арсовска“, Славески и прати барање за мислење за нова цена по која ќе возат приватните автобуси

Град Скопје: Се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ се креатори на хаосот со јавниот превоз