Утрински Весник
Скопје

Град Скопје со мерки до граѓаните за намалување на загадувањето

Skopjezagadeno.jpg

Град Скопје информира дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки:

–  редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела;

– за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал;

– да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци;

– печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;

– редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот што е пред нас ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје