Утрински Весник
Скопје

Град Скопје и ОН потпишаа Меморандум за разбирање за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Image 214090.jpeg

Градот Скопје и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) потпишаа Меморандум за разбирање со цел заедничка имплементација на дополнителни активности со цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на церемонијата на потпишување во го истакна значењето на проектот на ЕУ за чист воздух, кој го спроведува УНОПС со поддршка од Европската Унија.

„Како резултат на проектот ЕУ за чист воздух, за Град Скопје обезбедуваме шест еколошки CNG автобуси, ќе се подигнат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во започнатиот Мега парк во Карпош со засадување на нови 1.000 дрвја и ќе се изработи Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје со што делуваме кон крајната цел подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија“, истакна градоначалничката Арсовска.

Градот Скопје е првата единица на локална самоуправа со која УНОПС потпиша Меморандум за разбирање во рамките на проектот ЕУ за чист воздух, кој во три години обезбедува 10 милиони евра од страна на Европската Унија преку Инструментот за претпристапна поддршка.

„Благодарни сме на силната поддршка од ЕУ за оваа иницијатива. Целта на соработката со Град Скопје е подобрување на квалитетот на воздухот преку намалување на PM 2,5 и PM 10 емисиите. Покрај Скопје, УНОПС ќе испорача поддршка и за Куманово, Тетово и Битола“, истакна претставничката на УНОПС, Микела Телатин.

Можете да прочитате

Град Скопје: Се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ се креатори на хаосот со јавниот превоз

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно не гласаа за набавка на нови еко

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат