
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално започнува реконструкцијата на спортските терени.
Проектот опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и современи фитнес зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации.
Паралелно, ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало, како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и иднината на Скопје.
„Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин. Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“ порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


