Утрински Весник
Магазин

Грајмс и Илон Маск биле спречени да ја крстат својата ќерка ‘?’

Грајмс и Илон Маск биле спречени да ја крстат својата ќерка ‘?’

На Грајмс и Илон Маск не им било дозволено да ѝ дадат необично име на својата ќерка, ‘?’, односно името требало да биде само интерпункциски знак.

dobivaj vesti na viber

Двојката ѝ посака добредојде на Екса Дарк Сидерал (Exa Dark Sideræl Musk) преку сурогат во декември 2021 година, а 35-годишната пејачка откри дека сега морале да му го сменат името на детето во Y или Why бидејќи не им било дозволено да го користат знакот прашалник.

По споделувањето фотографии од себе и својата ќерка во соодветни црвени комбинации, Грајмс одговори на коментарот на еден од фановите и твитна: „Таа сега е Y или Why или само ‘?’ (Но, владата тоа нема да го признае). Љубопитност, вечно прашање и слично“.

Пејачката на „Џенесис“ – која исто така има и двегодишен син X Æ A-Xii со Илон – претходно го објасни уникатното име на ќерката објаснувајќи дека Exa се однесува на терминот за суперкомпјутер, exaFLOPS, а Dark Universe го претставува непознатото.

Во интервју за списанието „Венити феар“ таа вели: „Луѓето се плашат од тоа, но навистина тоа е отсуството на фотони. Темната материја е прекрасната мистерија на нашиот универзум“.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата