Утрински Весник
Македонија

Граѓанската волја не се поништува: ДОМ ја осудува несериозната закана на Мицкоски

Dom zname.jpg
Dik 300x250 mk

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку локалните избори во октомври се „неуспешни“, Владата ќе именува повереници како градоначалници. Ваквата отворена закана е директен напад врз темелите на демократијата и претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на Никола Груевски, менторот на Мицкоски, стои во соопштението на ДОМ.

„Овој предлог е јасно антидемократски: ја поништува смислата на изборите и ја игнорира волјата на граѓаните кои можеби, замислете, би избрале независни кандидати за градоначалници или советници. Ова не е „политичка тактика“, туку директна најава за самоволие во општините, што наликува на грубото воспоставување на режим кој на сите ни е многу добро познат.


Зелената партија ДОМ ја потсетува јавноста дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните прикриени коалициски партнери (СДСМ и ДУИ) од независните гласови го разоткрива лицето на една тивка, но сеопфатна согласност меѓу партиските „аристократии“. Молкот за ова прашање од страна на „опозициските“ перјаници од СДСМ и ДУИ само ги потврдува сомнежите за таа непринципиелна коалиција и нивната нетрпеливост кон новите, храбри независни гласови.

ДОМ категорично бара премиерот веднаш да ја повлече оваа закана и да ги почитува уставните права на граѓаните. Го повикуваме претседателот на Собранието и сите парламентарни партии јавно да се изјаснат против најавениот тоталитаризам. Секој обид за наметнување „повереници“ наместо легитимно избрани градоначалници е кршење на законот и на политичкиот морал.

ДОМ останува непоколеблив столб на борбата за вистинска и партиципативна демократија и ќе ги искористи сите законски средства за да ја одбрани волјата на граѓаните. Граѓанската волја не е на продажба – не дозволуваме да биде отстапена на партиските калкулации и на старите манипуланти со политичка моќ“ велат од ДОМ.

Можете да прочитате

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“