Утрински Весник
Скопје

Граѓаните за првпат се собраа на протест да разговараат за безбедноста во Скопје

Screenshot 20250209 145331 Gallery.jpg

Иако во помал број граѓаните денес уште еднаш се собраа и ја затворија една од најважните раскрсници во Скопје, раскрсницата пред Зоолошката градина во знак на револт поради небезбедноста пред се во сообраќајот во главниот град.

На овој начин денес се одржа првиот форум организиран од граѓанската група “Кој е следен” создадена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена на Партизанска од Васил Јованов кој возел во алкохолизирана состојба, со брзина многу поголема од препишаната и без возачка дозвола.


Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност.

На денешниот форум имаше тројца говорници кои зборуваа за повеќе аспекти од кои Скопје како град е небезбеден и дадоа неколку предлози како би се решил проблемот.

Меѓу другото како решение за сообраќајниот хаос беше спомената и потребата од проширување на јавниот превоз, односно проработување на железницата како градски јавен превоз за кое како што рекоа има изводливо решение и можност за имплементирање во наредните четири години доколку има желба од страна на властите во државава.

Н.Ј.

Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство