Утрински Весник
Спорт

„Граѓаните“ се прошетаа низ Саутемптон

„Граѓаните“ се прошетаа низ Саутемптон

Манчестер сити на крилјата на Ерлинг Халанд славеа победа на „Сент Мерис“ стадионот во Саутемптон со 4:1.

dobivaj vesti na viber

Манчестер сити отпорот на последно пласираниот тим во Премиер лигата го скрши во финишот на првиот дел. Ерлинг Халанд погоди по додавањето од Кевин Де Брујне. Белгиецот ја забележа 100 асистенција во Премиер лигата. Тој стана петтиот фудбалер со троцифрен број асистенции во Премиер лигата. На врвот е Рајан Гигс (162), Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102).

Уште тогаш беше јасно дека домашните тешко ќе им се спротивстават на „Граѓаните“, а сите дилеми околу победникот дефинитивно ги разреши Џек Грилиш во 58. минута. Повторно Де Брујн беше креаторот, брилијантно го пронајде англискиот репрезентативец, кој од вториот обид го совлада голманот на Саутемптон.

До крајот на мечот Халанд уште еднаш ја затресе мрежата на „светците“. Тоа е беше негов 30.гол сезонава во Премиер лигата.

Саутемптон успеа да дојде до почесен гол преку младиот Французин Секу Мара, но многу брзо избраниците на Гвардиола со гол од белата точка ја вратија предноста од три гола. Де Брујн беше соборен, а Хулијан Алварез го постигна гол од пенал.

Можете да прочитате

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига

Три години затвор за братот на Пол Погба за обид за изнуда

Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор