Утрински Весник
Свет

Граѓаните oд Централна и Источна Европа без именувања на водечките позиции во ЕУ

Eu.jpg
Dik 300x250 mk

Ниту еден граѓанин на ЕУ од Централна и Источна Европа не бил назначен на чело на некоја
институција или агенција на ЕУ во претходната година, покажа новиот извештај, во кој членките
и институциите на ЕУ, особено Европскиот совет и Комисија, се повикуваат силно да реагираат и
да обезбедат поправедна застапеност на сите европски граѓани.

По анализата на 22 назначувања во 2023 година, заклучокот од четвртото издание на
годишната Опсерваторија за географско претставување на лидерството во ЕУ European
Democracy Consulting, е драматично влошување на застапеноста на граѓаните од Централна и
Источна Европа, од што корист имале граѓаните на Северна и Западна Европа.

Западна Европа ја зајакна својата доминација и нејзините граѓани сочинуваа 73 отсто од новите
назначувања минатата година и 60 отсто во периодот 2021-2023 година, во однос на 35 проценти во периодот 2018-2020 година.

Воедно, државјани на Централна и Источна Европа во периодот 2021-2023 година ималe
удел од само два и четири отсто во именувањата, што е најниско ниво во подолг период.

Назначувањата на граѓани од Западна Европа на раководни позиции сочинуваат 51 отсто од
вкупниот број во периодот 2021-2023 година, или за 14 процентни поени повеќе од претходните
три години.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа