Утрински Весник
Балкан

Граѓаните на Нови Сад застанаа на 14 минути, бараат одговорност за несреќата на железничката станица

Aa 22.webp.webp

Граѓаните на Нови Сад денеска во 11 часот и 52 минути застанаа во знак на солидарност со семејствата на четиринаесетте жртви пред две недели во Нови Сад и побараа одговорност за уривањето на настрешницата на Железничката станица.

Пратениците на парламентарната опозиција на Собранието на Србија им се придружија на Новосаѓани, кои пред зградата на Парламентот во Белград развија црно знаме и 14 минути молчејќи стоеја на улица.

На акцијата за оддавање почест за настраданите од 11:52 до 12:06 часот повика новосадската опозиција, која наведе дека ги повикала граѓаните на индивидуален протест и граѓанска непослушност, бидејќи Обвинителството се уште не именувало никого како осомничен за трагедијата на железничка станица.

– Нека застане цел Нови Сад барем за тие 14 минути, се вели во заедничкото соопштение на девет опозициски партии и граѓански движења.

Граѓаните застанаа на 14 минути и во автомобилите, како и пешаците. Повеќето од нив застанаа на главните раскрсници и во центарот на градот, како и на главните улици и булевари.

Тие се собраа и пред железничката станица, каде што се случи трагедијата. Таму беше развеан голем црн транспарент и беа пуштени 14 црни балони.

На „Кнез Михајлова“ помали групи граѓани симболично им оддадоа почит на жртвите, застанувајќи на улица.

Акцијата започна во 11 часот и 52 минути во моментот кога на 1 ноември се случи трагедијата во Нови Сад.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра

Хрватски медиуми: Истрагата против хрватскиот министер за здравство ја покрена Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во Загреб

Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош