Утрински Весник
Македонија

Граѓаните на Македонија се меѓу најинформираните и со најголема поддршка за Отворен Балкан

Screenshot 2024 05 14 131142.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%.

Најмалку информирани за иницијативата се во Косово (43%) и во Босна и Херцеговина (26%).

Анкетата на ИРИ ги прашала граѓаните во регионот дали ја подрржуваат оваа иницијатива.

Најголема поддршка иницијативата Отворен Балкан има кај граѓаните од Северна Македонија (48%), а потоа во Србија каде што поддршка за иницијативата ја кај 38% од Србите.

Отворен Балкан има најмала поддршка во Црна Гора (22%) и во Косово (12%).  

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината