Граѓаните на социјалните мрежи гневно реагираа на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по нејзината средба со бугарскиот претседател Румен Радев, на која немаше македонско знаме.
„Државничка посета без македонско знаме?“, „На која слика да го побараме македонското знаме? И ако го немале дали може да го убациме со фотошоп? Оти ова вака срамота“, „Каде е македонското знаме?“, „Претседателке, го допревте дното. Не само што го допревте почнавте да гребете по дното“, „Лажни патриоти насекаде. Гордана, кај ја остави државата што ја претставуваш?“, „Две бугарски знамиња и неиедно македонско. Срамота, Давкова!“ се дел од коментарите под објавата на претседателката.
Знамето на Северна Македонија го немаше и на средбата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со неговиот колега од Бугарија Најден Тодоров.
Кога станува збор за ваква средба на највисокот ниво на државници на две земји, прашање на официјален протокол е на средбите е стандард да бидат изложени знамињата на земјите што ги претставуваат највисоките државници. На сите досегашни средби на Радев со претходните државници на Северна Македонија, знамето било истакнато веднаш до знамето на Република Бугарија.