Утрински Весник
Македонија

Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

Mobile.jpeg

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби. Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.

Воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.


Можете да прочитате

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд

Граѓаните се вклучија во крводарителска акција за Тоше Проески