Утрински Весник
Македонија

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град” на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

1682492321 znate li kada se radi redovni a kada vanredni tehnicki pregled vozila.jpg

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба, отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните.

Можете да прочитате

Милионски криминал во болницата во Прилеп: Фиктивни налози, лажни фактури и злоупотреби

Николоски со бројни политички средби во Загреб

Поднесено обвинение за злоупотреби во прилепската болница