Лидерот на табелата во Втората лига е казнет со одземање три бода и парична казна од 1.000 евра за неправилниот настап на фудбалерот Гордијан Христовски на мечот против Пехчево кој претходно Натпреварувачката комисија на ФФМ го регистрира со постигнатиот резултат, 1-0 за Гостивар. Фудбалерот Гордијан Христовски е суспендиран шест месеци.
Одлуки од седница на Дисциплинска комисија:
- ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски;
- На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник.
Фото: ФК Гостивар