Утрински Весник
Македонија

Гори Паркот на природата Езерани – Преспа под закана од еколошка катастрофа

Pozar.jpg

Преспанскиот регион утрово повторно се разбуди обвиен во густ чад, откако цела ноќ беснееше пожар во Паркот на природата Езерани – едно од најзначајните заштитени подрачја во земјава кога станува збор за биолошката разновидност.

Македонското еколошко друштво алармира дека пожарот, кој избувнал вчера, сè уште не е ставен под контрола и дека пламените јазици веќе направиле огромна штета врз живиот свет. Паркот е дом на бројни автохтони растителни и животински видови, дел од кои се строго заштитени. Според еколозите, не се загрозени само ретките видови, туку и целиот екосистем на Преспанското Езеро, чиешто здравје е тесно поврзано со состојбата во Езерани.


Покрај природната штета, постои сериозна опасност за приватните поседи и овоштарниците во населените места што се граничат со паркот. Локалното население е во страв и неизвесност, додека квалитетот на воздухот и животната средина се влошуваат од час во час.

Во борбата со огнената стихија се вклучени сите расположливи локални ресурси, но од Македонското еколошко друштво велат дека тоа не е доволно. Потребна е итна интервенција и поддршка од државните институции, како и активација на сите капацитети за гаснење на пожарот по воздушен и копнен пат.

„Брзата реакција е неопходна за спас на Езерани,“ порачуваат од Друштвото, повикувајќи ги надлежните органи, инспекциските служби и противпожарните единици на итна мобилизација.

Извор: 4News

Можете да прочитате

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска

Зголемен број на возила на Богородица, отворени пет ленти за излез и влез во Македонија

Активен пожар кај Езерани, Волкодери и Покрвеник во Преспа