
Голем пожар кој избувна во депонијата кај Визбегово денеска се прошири и зафати дел од блиските објекти, предизвикувајќи значителна материјална штета и паника меѓу локалните стопанственици. Еден од сопствениците е најтешко погоден, со оштетувања кои се оценуваат како сериозни.

Наместо да чекаат помош, сопствениците на објектите, заедно со свои пријатели и вработени, презедоа иницијатива и сами се впуштија во борба со огнот. Со канистери, црева и импровизирана опрема, успеаа да спасат дел од објектите, но за жал, огнот зафати една хала целосно.
Пожарот во Визбегово е дел од поширокиот проблем со неконтролираните и запалени депонии во Скопје, кои веќе неколку дена го прекриваат градот со чад и пепел. Населбите во северниот и западниот дел од градот се најтешко погодени, а воздухот е видливо загаден и неподнослив.
Надлежните сè уште не излегоа со официјална изјава, ниту пак е познато дали е направен увид на терен.
извор 4NEWS.mk