Утрински Весник
Македонија

Гори на Илинска Планина и Пониква, пожари има и кај Македонски Брод, Петровец, Чашка, Студеничани

Pozar.jpg

Вчера на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати.

Активен е пожарот кај Македонски Брод: селото Тажево – Брезница – Јасен. Со денови гори и Илинска планина помеѓу Демир Хисар и Охрид, како и кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Активен е и пожарот кај Чашка с.Папрадиште – с.Ореше; Петровец: с.Градманци – Дивље; Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква; Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода.

Под контрола ставени се девет пожари, меѓу кои кај општина Студеничани 1: м.в.Дрешница над с.Батинци; Гевгелија: с.Негорци; Охрид: Галичица; Дојран и Богданци: с.Фурка кон Богданци; Македонски Брод: с.Слатина; Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади), Делчево: Депонија Делчево; Општина Прилеп: с.Лениште.

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата