Утрински Весник
Скопје

Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката (ВИДЕО)

Cair Skopje1.jpg

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките на порталот од лице место, цел кат и покрив на куќата се целосно опожарени, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.

Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат огнот, за да спречат негово проширување на соседните објекти.

Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата

Без струја неколку улици во Кисела Вода

Повик за протест по смените во „Лајка“ – Град Скопје го назначи Димитровски за нов директор