Утрински Весник
Спорт

Горецка за хомофобичните коментари од Катар: Како човек од минатиот милениум

Горецка за хомофобичните коментари од Катар: Како човек од минатиот милениум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Леон Горецка, остро го напана амбсадорот на СП во Катар, Калид Салман, опишувајќи го како човек од друг милениум по неговиот коментар дека хомосексуалноста е „оштетеност на умот“.

dobivaj vesti na viber

Хомосексуалноста е забранета во Катар и Салман изјави дека се плаши што ќе има хомосексуалци на Светското првенство порачувајќи дека ваквите навивачи „ќе мора да ги прифатат“ нивните правила. По 6:1 победата на Баерн на Вердер, на меч на кој навивачите на Баерн поставија банери со навреди за Салман, Горецка го кажа своето мислење.

„Тоа е опресивно мислење. Ова е имиџ на човек што доаѓа од минатиот милениум. Те остава без зборови, како нешто вакво може да се каже од амбасадор на Светското првенство кратко пред одржувањето на првенството“, вели Горецка.

Амбасадорот на СП: Хомосексуалците имаат ментален проблем

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028