Утрински Весник
Свет

Google ја блокираше социјалната мрежа на Доналд Трамп

Google ја блокираше социјалната мрежа на Доналд Трамп

Google објави дека нема да ја дистрибуира „Truth Social“ – социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преку својата продавница „Play“, додека содржината која повикува на насилство не се отстрани од мрежата.

dobivaj vesti na viber

Оваа година, Truth Social разви Android верзија на апликацијата и поднесе барање до Google за дистрибуција преку Play Store.

Сепак, Google, по стандардниот процес на прегледување на апликацијата, го одби барањето и рече дека мрежата содржи насилна содржина.

Забраната значи дека корисниците на Android, кои сочинуваат повеќе од 40 отсто од сите корисници на паметни телефони во САД, не можат да ја преземат апликацијата.

Ројтерс објави дека Truth Social ја призна одлуката на Google и рече дека работи на решавање на проблемот.

Trump Media & Technology Group (TMTG), кој е сопственик на Truth Social, рече дека тие континуирано работат на усогласување на апликацијата со правилата на Google и дека промените нема да го загрозат ветувањето на апликацијата дека ќе биде „засолниште за слободен говор“.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот