Утрински Весник
Спорт

Голот на Елмас недоволен за Наполи, Влаховиќ ја скина мрежата на Специја

Голот на Елмас недоволен за Наполи, Влаховиќ ја скина мрежата на Специја

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна првиот гол во сезоната, но Наполи не успеа да го победи Лече. За разлика од Наполи Јувентус лесно се справи со Специја.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот на стадионот „Диаго Армандо Марадона“, беше решен во интервал од шест минути.

Коломбо не реализираше пенал за Лече во 25.минута, две минути подоцна Елмас му донесе предност на Наполи. Коломбо во 31.минута постигна неверојатен гол со кој ги постави конечните 1:1.

Јувентус против Специја славеше со 2:0. Слично како против Рома, првиот гол на мечот го постигна Влаховиќ. Српскиот напаѓач во деветтата минута постигна гол од слободен удар. Конечниот гол го постигна неговата замена Милик во 91.минута.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина