Утрински Весник
Свет

Големо повлекување на Кока-Кола и другите омилени пијалоци во Европа: се огласи компанијата

Screenshot 2025 01 28 105917.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кока-Кола започна голема кампања за повлекување производи во Германија и други европски земји поради високите нивоа на хлорат. Станува збор за серии производи од „Кока-Кола“, „Спрајт“, „Фанта“ и други брендови, велат од европската фабрика за флаширање на овој пијалок во Белгија, објави Гардијан.

Причина за отповикувањето е откривањето на високо ниво на хлорат при инспекции.


Според белгиската новинска агенција Белга, лименките и стаклените шишиња биле дистрибуирани не само во Белгија и Луксембург, туку и во Германија, Холандија, Обединетото Кралство и Франција.

Засегнатите производи беа произведени во фабриката на Кока-Кола во Гент помеѓу 23 ноември и 3 декември. „Кока-Кола“ објави детална листа на производи на интернет.

Засегнати се пијалоците со датуми на производство од 328 ГЕ до 338 ГЕ. Овие пијалоци не треба да се консумираат. Клиентите се повикани да ги донесат во продавниците, каде што ќе им бидат вратени парите.

При рутински проверки во фабриката во Гент, откриени се високи концентрации на хлорат, соопшти компанијата и им се извини на потрошувачите.

Поголемиот дел од погодените производи, кои не беа продадени, веќе се отстранети од полиците на супермаркетите и продавниците, според компанијата.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски