Утрински Весник
Магазин

Големо откритие: Два евтини, лесно достапни додатоци во исхраната ја подобруваат меморијата

Shutterstock 1272287107 1.jpg

Два евтини и лесно достапни додатоци во исхраната може да ја подобрат меморијата кај постарите луѓе, сугерира ново истражување.

Студијата објавена во списанието Science Advances, спроведена на близнаци, покажа дека секојдневното консумирање на два суплементи, кои можат лесно и релативно евтино да се добијат без рецепт, истовремено ја подобрува состојбата на цревната флора или микробиоти и когнитивните способности.

Со други зборови, излегува дека она што е добро за стареењето на цревата може да биде добро и за стареењето на мозокот.

Дигестивниот систем е поврзан со многу функции на телото

Дигестивниот систем е вклучен во многу функции на телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем и централниот нервен систем. Затоа, научниците веруваат дека правилното хранење на бактериите со одредени пребиотици и интервенцијата со пробиотици и модулирањето на микробиомот може да ја отвори вратата за лекување на цела низа болести.

Два пребиотици

Наодите се особено интересни бидејќи студијата ги користела истите тестови за визуелна меморија и учење кои вообичаено се користат за откривање на раните знаци на Алцхајмерова болест. Истражувањето го испитуваше ефектот на два пребиотика (несварлива храна со растителни влакна) кои помагаат во стимулирање на цревните микроби.

Еден од нив се нарекува инулин, и тоа е диетално влакно од класата на фруктани. Друг е наречен фруктоолигосахарид (FOS), кој е растителен јаглехидрат кој често се користи како природен нискокалоричен засладувач.

Двата додатоци може да се купат во различни производи во многу земји низ светот.

Истражување за близнаци

Со цел да се испита ефектот на овие додатоци во исхраната врз стареењето на мозокот, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон вклучиле во студијата 72 лица, односно 36 пара близнаци, постари од 60 години. Секој пар беше поделен по случаен избор на еден учесник кој прими пребиотици во протеински прав и другиот кој доби плацебо, односно лажен додаток.

Студијата била двојно слепа, што значи дека ниту лекарите ниту близнаците не знаеле кој што добива.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста