Утрински Весник
Свет

Големи поплави во западна Босна, стотици куќи под вода, жителите евакуирани

Големи поплави во западна Босна, стотици куќи под вода, жителите евакуирани

Неколку стотици згради се поплавени, загрозеното население е евакуирано во западниот дел на Босна поради излевање неколку реки, а состојбата од ден на ден се влошува поради обилните дождови, кои продолжуваат да паѓаат.

dobivaj vesti na viber

Најлоша е состојбата во Бихаќска и Босанска Крупа, каде што, покрај зградите, поплавени се и неколку патишта. Водите се излеаја во поголемиот дел на Босанска Крупа, каде што беа поплавени многубројни семејни куќи и објекти. Сите граѓани во критичните подрачја се евакуирани, известија од тамошниот кризен штаб.

Патиштата се затворени за сообраќај, а спасувачките чамци се во подготвеност во сите критични области.

На подрачјето на Бихаќ поплавени се 300 згради, изјави градоначалникот на тој град, Елведин Седиќ, за „Дневни аваз“. Посочи дека Уна е излеана, а најавата за нови врнежи создава дополнителни грижи. На неколку места се градат насипи.

Во населбата Буковел во Велика Кладуша, поради поплава, отсечени се неколку куќи. Поради големите врнежи, локалните спасувачки служби не може да му помогнат на загрозеното население.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска има итна седница, а се очекува да се донесат одлуки за давање помош за поплавите на населението на Босна Краина.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници