Утрински Весник
Македонија

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи

2025 11 24t00 00 00z.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од вторник (18 Ноември) па се до крајот на следната седмица нашата Република Македонија  и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова.  Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално врнежите ќе бидат проследени и со појава на грмежи а овие процеси би можеле локално да бидат застапени и во форма на невреме.


За време на овој период на повеќе места во нашата Македонија ќе наврне големо количество на дожд и тоа над 50 литри на метар квадратен дожд а локално, особено во западните предели цело купното количество на воден талог ќе изнесува над 100 литри дожд на метар квадратен, локално дури и над 150 литри дожд на метар квадратен. Токму поради ваквата ситуација растат условите  и за локални поплавувања во текот на следната седмица во нашата Република Македонија.

Во поширокиот дел од регионот постои опасност од големи поплави во текот на следната седмица. Тоа значи дека локално, особено во соседна Албанија, Косово, Црна Гора, јужна  и југозападна Босна како и во делови од Словенија  и Хрватска ќе наврне  и екстремно количество на дожд (над 200/300 литри дожд на метар квадратен).

Поради јужното воздушно струење кај нас остануваат натпросечно високите температури на воздухот и во текот на следната седмица, тоа значи дека температурите кај нас ќе бидат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДСМ, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче

15 казни за оператори со небезбедна храна во близина на училиштата

Петров: СДСМ треба да ги вклучи младите генерации и да ги врати разочараните членови