Утрински Весник
Свет

Голема акција во Босна и Херцеговина: кај полицаец пронајдени четири килограми дрога, траат претресите во земјата

Голема акција во Босна и Херцеговина: кај полицаец пронајдени четири килограми дрога, траат претресите во земјата

Припадници на Федералната полициска управа од утрово вршат претреси во реонот на Живиница, а според досегашните информации, кај еден полицаец биле пронајдени дури четири килограми дрога, пренесуваат босанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што беше соопштено, полицаецот кај кого е пронајдена дрогата е вработен во Централната полициска станица во Тузла, а имало индиции дека бил инволвиран во незаконски активности од порано.

Акцијата во областа Живиница се спроведува по налог на Обвинителството на кантонот Тузла.

Официјално, тој сè уште не е уапсен, но е приведен и е под кривична истрага.

Исто така, полицијата претресува сомнителни објекти во остатокот од Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија