Утрински Весник
Македонија

Голема акција на МВР во Скопје: Приведени седум лица за поседување дрога

Rjmet Apsenje 333811.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска (01.09.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 31.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.О.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(19) од с.Ново Село, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, за сите лица ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени