
Во индустриската зона во местото Губашево, во близина на хрватскиот град Забок синоќа околу 23 часот изби голем пожар во објект на компанијата „CIAK“, која има свои има хали и погон за рециклирање батерии и акумулатори.
60-тина пожарникари го гаселе пожарот, а полицијата издаде препораки за граѓаните кои живеат во близина на хангарите, да ги затворат прозорците поради густиот чад.
Градоначалничката на Забок, Валентина Ѓурек, по избувнувањето на пожарот изјави дека состојбата изгледа сериозно и оти се слушале и експлозии, а властите ќе ги чекаат резултати од мерењата на воздухот за да утврдат дали постои ризик за здравјето на населението.
Според неофицијални информации од локални медиуми, во пожарот гореле опасни хемикалии и специјален отпад.
Извор: fokus.mk


