Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Ново Лисиче, ЕВН со објаснување!

1e3277b0 ce87 4253 a475 2dfaf38ddf4d.jpeg

Целата општина Аеродром и делови од Ново Лисиче вечерва останаа без електрична енергија. Жителите пријавуваат дека струја нема веќе повеќе од еден час.

Ситуацијата дополнително ја влошува голем пожар кој избувна во Ново Лисиче. Засега не е познато што точно гори и како избувнал огнот. На терен се испратени противпожарни екипи кои работат на негово локализирање.


Од ЕВН за 24инфо соопштија дека прекинот е поради дефект на 110кВ трафостаница „Аеродром“:

„Поради дефект на 110кВ трафостаница ‘Аеродром’ моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатија на лице место со цел санација на дефектот.“

Жителите остануваат загрижени поради истовремените проблеми – прекин на струјата и активниот пожар – и очекуваат брза интервенција на сите надлежни институции.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија