Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Битола, огнот зафатил два објекти

Pozar bitola 1024x576 1.avif.avif.avif

Силното невреме проследено со ветер и краток дожд кое ја зафати Битола предизвика пожар во населбата Буковски ливади. Во 15:55 часот во ТППЕ Битола била примена дојава за запалена трева и два објекти, по што на терен веднаш излегле четири противпожарни возила со 14 пожарникари, објави 4NEWS.mk

Пожарот, кој поради силниот ветер брзо се ширел и излегол од контрола, е локализиран и ставен под целосна контрола. Благодарение на брзата реакција на екипите, спречено е огнот да ги зафати и другите објекти во населбата. Од Противпожарната единица упатија голема благодарност до жителите на Буковски ливади и останатите граѓани кои помогнале при гаснењето на пожарот.


Можете да прочитате

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи