Утрински Весник
Балкан

Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез

Pozharna Grci A.webp.webp

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства.

Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините.

Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

Можете да прочитате

Хорор во Белград: Киднапирале маж, го мачеле и го врзале, сакал да избега но паднал од 27 кат и починал

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

12-годишно девојче во Хрватска исчезна, полицијата започна потрага