Утрински Весник
Балкан

Голем пожар кај Каваја, горат и маслинови дрвја

20240726085852 Big 730x400 8.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најмалку 10 хектари земја со маслинови дрвја и ниска вегетација е зафатена од голем шумски пожар што избувна близу градот Каваја, југозападно од главниот град Тирана, јавија албанските медиуми.

Генералниот директор на албанската противпожарна служба, Арбен Цара, извести дека пожарот кај Каваја продолжува да биде активен, а на терен се сите противпожарни екипи, вклучително и оние од соседните општини, Тирана, Камза, Љушња, Драч за да го изгаснат.

Тој нагласи дека на местото се активни вкупно 50 екипи, но ситуацијата се усложнувала поради ветрот. Полицијата ги евакуирала жителите од куќите за кои постоело опасност да бидат зафатени.

Цара информираше дека две лица се уапсени поради подметнување пожар во врска со пожарот и ги повика граѓаните да бидат внимателни.

На местото каде што избувна пожарот беа присутни и албанскиот министер за внатрешни работи Таулиант Бала и градоначалникот на општина Каваја.

Можете да прочитате

Објавена снимка од двојното пукање во Косово – осомничениот со две пушки пукал кон возило

Косово стана член на Европскиот економски и социјален комитет

Албански државјанин сакал да изнесе 700.000 евра во кеш од Хрватска