Утрински Весник
Спорт

Голем потег: Никос Папас ќе игра кошарка во инвалидска количка

Голем потег: Никос Папас ќе игра кошарка во инвалидска количка

Грчкиот кошаркар Никос Папас ќе биде нов член на тимот на Панатинаикос во кошарка во инвалидска количка. Во Грција постои правило секоја екипа да има по двајца играчи кои немаат инвалидитет.

dobivaj vesti na viber

Папас со тоа ќе стане првиот играч од Првата грчка лига кој игра кошарка во инвалидска количка.

Папас играше и за Хапоел, Зелена Гора во Полска и АЕК, а ПАО сезонава потпиша со него за Никос Папас таму да ја заврши кариерата. Тој одигра еден натпревар во грчката лига и сега ќе прејде на нов предизвик.

Никос Папас долго време им помага на кошаркарите во инвалидски колички и од почетокот сакаше да се приклучи.

„Чувствувам дека сум дел од оваа група од нејзиното создавање и секако учествувам во нејзините активности. Панатинаикос е големо здружение и ние мораме да дадеме пример во спортот и да ги вклучиме сите луѓе, без разлика на нивната состојба, пол, возраст…“, изјави Папас.

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство