Утрински Весник
Свет

Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

20250720080427 big 730x400 43.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет дронови , а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета.


Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради украински напади со беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.

„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а уште еден откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири летови беа одложени во Внуково“, објавуваат руските медиуми.

Руските медиуми наведуваат дека по нападот, тајната служба на ФСБ и Истражниот комитет ќе спроведат истрага и дека се очекува кривична постапка за тероризам. Оперативните служби на терен ги проверуваат остатоците од беспилотните летала и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски