Утрински Весник
Скопје

Голем дел од Скопје утре без струја

Struja steker.jpg

Без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини утре поради планирани технички интервенции во електросистемот.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во населбата Булачани, поточно околу бројот 7.


Подолг прекин е најавен во општина Аеродром, каде од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат куќите на улицата „Тодор Чангов“ со броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица.

Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, со прекин ќе се соочат дел од жителите на улицата „Франц Розман“.

Истовремено, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, планиран е прекин за корисниците од селата Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.

Можете да прочитате

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром

Без струја утре дел од Карпош и Волково

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“