Утрински Весник
Свет

Голем 24часовен штрајк во Германија

Germanija 2.webp.webp

Денеска, понеделник 2 февруари, Германија е зафатена од голем штрајк во јавниот превоз, откако синдикатот Verdi повика на 24-часовен прекиин на работата во комуналните претпријатија за локален транспорт.

Патниците кои користат автобуси, трамваи и подземна железница треба да се подготват за масовни доцнења и целосни откажувања во бројни германски градови, јавуваат германските медиуми.

Штрајкот се одржува во рамки на тековните колективни преговори на национално ниво, а според најавите, во погодените претпријатија сообраќајот може целосно да запре.

Прекинот на работата работа ќе се случи во сите сојузни покраини, освен Долна Саксонија, каде што сè уште е на сила обврската за социјален мир, што законски го исклучува правото на штрајк.

Штрајкот опфаќа околу 150 транспортни претпријатија, меѓу кои:

  • MVG во Минхен
  • BVG во Берлин
  • Hamburger Hochbahn и VHH во Хамбург

Синдикатот преговара во име на речиси 100.000 вработени во локалниот јавен превоз и бара подобри услови за работа, пократка работна недела и сменски распоред, подолги периоди за одмор и повисоки додатоци за ноќна и викенд работа

Во одделни покраини, како Баварија, Бранденбург, Сарланд и Тирингија, дополнително се преговара и за зголемување на платите.

Што не е опфатено со штрајкот?

Германската железница Deutsche Bahn соопшти дека возовите ќе сообраќаат без ограничувања.
Штрајкот не ги опфаќа: S-Bahn линиите во Берлин, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Келн, Нирнберг и регионот Рајн-Мајн и регионалниот и меѓуградскиот железнички сообраќај

Возачите на автомобили се советуваат да планираат повеќе време за патување и, доколку е можно, да ги прилагодат маршрутите. Се очекуваат сообраќајни застои и гужви, особено во утринските и попладневните шпиц-термини.

Како алтернатива на јавниот превоз се препорачуваат: изнајмување автомобили, велосипеди и електрични тротинети

Паралелно со ова, синдикатот Verdi најави и предупредувачки штрајк на вработени во службите за одржување на патиштата во југоисточниот дел на Долна Саксонија. Засегнати се регионите Волфенбител, Гослар и Гандерсхајм, каде што се очекуваат ограничувања во зимското одржување и затворени тунели. Овој штрајк ќе трае од 2 до 4 февруари.

Можете да прочитате

Денес ново гласање за доверба на француската Влада

Шокантни наводи од САД: Замрзнувани човечки мозоци од Македонија за американски лаборатории

Трамп: Можам да ги натерам земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа