Утрински Весник
Македонија

Годишни билатерални консултации со НАТО, потврда за континуираниот развој на одбранбените капацитети

Slika 4.jpeg

Денеска и утре (05 и 06 март) тим од Министерството предводен од државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова и тим од НАТО предводен од директорот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд ќе ги реализираат редовните годишни билатерални одбранбени разговори.

Државниот секретар Чуповска – Ристова на отворањето на билатералните консултации истакна дека земјава е целосно посветена на развојот на одбранбените капацитети и исполнувањето на НАТО – Целите на способности.


„Армијата се опремува согласно плановите, факт што е потврден и преку годинешниот одбранбен буџет, кој е најголем досега и изнесува 358 милиони евра. Од одбранбениот буџет, 32,5% издвојуваме за модернизација и опремување, што е за 10 милиони евра повеќе за оваа намена од минатата година. Тоа ја покажува нашата посветеност на дело”, рече Чуповска – Ристова.

Во рамки на разговорите ќе бидат опфатени повеќе клучни теми во одбраната, меѓу кои и одбранбените планови, финансиите и човечките ресурси.

Билатералните одбранбени разговори со Алијансата се реализираат на годишно ниво, во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање.

Можете да прочитате

Зајкова: Колку жени уби молкот на институциите

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци

За 48-часа продолжен притворот за сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда во Карпош