Утрински Весник
Свет

Годишна прес конференција на Путин, пристигнале над 2 милиони прашања

Putin.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи традиционалната прес-конференција на крајот од годината, на којашто што ќе одговара на прашања од граѓани.

Како што информираа од неговиот кабинет, досега преку меил пристигнати се над два милиони прашања од граѓани.

Се очекува рускиот лидер да испрати сигнал до САД и европските земји за неговата желба за мир или понатамошни воени дејствија во Украина.

На настанот „Резултати на годината“, кој Путин го организира во различни формати речиси секоја година од 2001 година, тој одговара на десетици прашања на различни теми – од зголемувањето на цените и сопствената иднина до нуклеарното оружје и она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Учесниците на денешниот добро организиран настан мора да се подложат на тест за COVID – сè уште рутинска постапка за состаноци на кои учествува 73-годишниот Путин.

Главните прашања се дали Кремљ ќе се согласи да ја заврши најсмртоносната војна во Европа од Втората светска војна, степенот до кој европските сили ќе бидат исклучени и дали мировниот договор постигнат со посредство на САД ќе функционира.

Можете да прочитате

Руски напад го остави Киев без греење на екстремен студ

Снег го парализираше аеродромот во Франкфурт

Шпанија забрани употреба на социјални мрежи за деца под 16 години