Утрински Весник
Свет

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона

Gazaa.jpg

Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат објавените податоци на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).

По 129 смртни случаи регистрирани во 2023 година, 2024 е една од најлошите години“, изјави генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже.


Според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, бројот на убиени палестински новинари е најмалку 138, што ја прави оваа територија „една од најопасните во историјата на модерното новинарство, по Ирак, Филипини и Мексико“, според ИФЈ со седиште во Брисел.

По Блискиот Исток, втора најопасна област за новинарите е азиско-пацифичкиот регион, со 20 смртни случаи, вклучувајќи шест атентати во Пакистан, пет во Бангладеш и три во Индија.

Во Европа, Украина е сè уште опасна земја за новинарите, каде четворица од нив починаа во 2024 година.

Можете да прочитате

Ужас: Таткото и маќеата брутално ја убиле малата Сара – На телото пронајдени 70 повреди

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Македонски државјани со оружје се заканувале на Романци во Велс – полицијата ги уапси