Утрински Весник
Македонија

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Sud.webp.webp

Проф. Гоце Наумовски кој му беше советник на премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница со 63 гласа „за“ е избран за нов судија на Уставниот суд. Против беа седум, а немаше воздржани.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата Римско право и предава неколку предмети, Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост, Правна реторика и аргументација.

Тој треба да дојде на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.

Можете да прочитате

Муцунски утре на отворање на Економскиот бизнис форум меѓу Македонија и Словачка

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести 

Учество на министерот Муцунски на состанок за Коридор 8, Тирана, Албанија