Утрински Весник
Балкан

Го закопал таткото во двор во Белград и молчел осум години за да ја прима неговата пензија

O 1928804 1024.jpg

Синот Д.Д.(53), кој денеска сам се јавил во полиција и пријавил дека го закопал татко му во дворот од семејната куќа, осум години молчел за да си ја земе пензијата.

Дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград извршил истрага на лице место, а според неофицијални информации, во дворот од куќата биле пронајдени черепот и делови од скелетот на Б.Д. (79).

-Се сомнева дека синот го закопал во дворот таткото по неговата смрт, пред осум години, за да продолжи да ја прима пензијата. Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ја води истрагата, ќе ја утврдува причината за смртта, односно дали таткото починал од природна смрт или се работи за кривично дело, додека надлежното основно обвинителство ќе поведе истрага за измама против Д.Д. ,објавија српските медиуми.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата