Утрински Весник
Свет

Го удрила невенчаниот сопруг со свеќник по глава, маж и жена од Загреб се скарале кој ќе го шета кучето

Го удрила невенчаниот сопруг со свеќник по глава, маж и жена од Загреб се скарале кој ќе го шета кучето

Триесетгодишната Петра од Загреб во јануари годинава во својот стан го удрила со метален свеќник по глава својот невенчан сопруг (34) по расправија кој ќе го прошета кучето.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Даница.хр“, таа по расправија со обичниот сопруг најпрвин го изгребала по лицето и вратот, по што со метален свеќник го удрила во задниот дел од главата, поради што сопругот се здобил со повреди во форма на расекотина на задниот дел од главата со должина од 2,5 сантиметри, се вели во обвинението.

Сопственикот на станот повикал полиција и жената веднаш била уапсена, а на сопругот му била укажана прва помош. Полицијата открила дека на неговата облека се гледаат траги од крв. Девојката тврдела дека само се бранела.

„Се расправавме за шетањето на кучето, двајцата сме виновни. Но, тој ме изгреба, ме држеше за лице и ме влечеше по подот, добро е што не ме задави. Застанавме кога сопственикот тропна на вратата, а потоа повика полиција“, се наведува во написот.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници