Утрински Весник
Свет

Го претепала своето бебе до смрт, па повикала Брза помош

Го претепала своето бебе до смрт, па повикала Брза помош

Германската полиција уапсила државјанка на Бугарија (22), која е осомничена дека на шестмесечното бебе му нанела тешки физички повреди, кои довеле до смрт на девојчето.

dobivaj vesti na viber

Детето починало вчера во универзитетската болница во Есен, два дена откако мајката се јавила на итната помош со изговор дека бебето има здравствени проблеми.

Полицијата го истражува убиството на шестмесечното девојче, а мајката се очекува денеска да биде изведена пред суд.

Како што пренесуваат медиумите, мајката на девојчето вечерта на 20 февруари се јавила во итната помош и ги молела веднаш да дојдат бидејќи детето има сериозни здравствени проблеми.

Лекарските екипи го пронашле девојчето во тешка состојба и го започнале процесот на реанимација, по што детето итно било пренесено во болница на операција. Според неофицијални информации, детето имало тешки внатрешни повреди.

По операцијата, лекарите ја алармирале полицијата и изразиле сомневање дека детето се здобило со повреди на органите како последица на физичко насилство. Иако лекарите направиле се за да го спасат бебето, девојчето починало во болница.

Во целиот случај бил вклучен и Центарот за социјална работа кој се грижел за другото дете.

Осомничената живеела во станот со нејзината ќерка и нејзиниот сопруг, татко на починатото бебе, кој не е осомничен за делото. Обвинителството соопшти дека претходно немало пријава за семејно насилство, а семејството не било во системот на Центарот за социјална работа

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња