Утрински Весник
Македонија

Го посвоила, па го продавала 14 годишното девојче под уцена дека ќе и ги повреди сестрата и братот –детали за трговијата со деца во Македонија

Татко од Скопје ја малтретирал 14-годишната ќерка: ја тепал со ремен, се обидел да ја прободе со нож, ја оставал без храна и хигиена

Четиринаесет годишно девојче е жртвата на трговијата со деца, кое било продавано за сексуални услуги на 11 лица. Обвинителството посочува дека истрагата траела повеќе месеци, а бара и притвор за сите десет осомничени. Девојчето со нејзината сестра и брат биле земени на чување од жена која е првоосомничена за трговијата со деца. Се заканувала дека ако не изврши полови дејствија со лицата, ќе бидат повредени нејзините брат и сестра.

dobivaj vesti na viber

„Според наводите содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка летото 2020 година првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство. Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест. Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра“, велат од Обвинителството.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.

„За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95) е запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години“, додаваат од Обвинителство.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа