Утрински Весник
Македонија

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години

Rjmet Apsenje 333811.jpg

Денеска (29.07.2024) околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(23) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека власата се фали со роаминг, граѓаните немаат пари за патувања 

Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло