Утрински Весник
Свет

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием

Screenshot 2026 01 19 170436.jpg

Се очекува претседател на САД, Доналд Трамп, да присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија, каде што ќе одржи говор и потоа ќе се сретне со водечки светски бизнисмени. Неговото присуство стана една од главните теми на годишниот собир на глобалната елита.

Бизнис лидерите од различни сектори, вклучувајќи финансиски услуги, криптовалути и консалтинг, се поканети на прием по обраќањето на Трамп, а повиците дошле директно од Белата куќа. Се очекува Трамп да пристигне во среда, придружуван од неколку високи американски функционери, вклучувајќи го и министерот за финансии Скот Бесент.

Фокусот на овогодинешниот форум ќе биде на промените во американската политика под Трамп, а на него ќе учествуваат над 3.000 делегати од повеќе од 130 земји, вклучително 64 лидери на земји, со акцент на земјите во развој. Меѓу присутните ќе биде и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Гренланд се најде на дневниот ред на форумот по неодамнешните закани од Трамп за воведување дополнителни тарифи на осум европски земји. Европските акции веќе реагираа со пад на берзите по ова соопштение. Џени Џонсон, директорка на американската компанија за управување со средства Франклин Темплтон, изјави дека потезите на Трамп претставуваат преговарачка тактика, но дека неговиот инстинкт да обезбеди долгорочни позиции за САД е искрен.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Принцот Хари и Елтон Џон тврдат: „Дејли меил“ не прислушувал и незаконски собирал информации