Утрински Весник
Македонија

ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА СТУДЕНОТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА Е ПОЧЕТОКОТ НА ЛАДНАТА “ЛА НИЊА” Подгответе се за невреме, дожд, снег и снежна покривка

Download 1 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани наши, сите ние веќе знаеме дека веќе од денес, па се до самиот крај на овој месец, речиси во цел Европски Континент, вклучувајќи го и нашиот Балкански Полуостров, не очекува невообичаено студено време и со чести врнежи од дожд и снег, како и формирање на снежна покривка.

Мразот во утринските часови ќе го има на многу места, а појава на снег би можело да има понекаде и на помала надморска височина. Сите ние ќе си речеме, што се случува со времето и зошто ќе биде толку ладно? Ние добро кажавме дека веќе од овој месец завршува влијанието на топлиот Метеоролошки феномен “Ел Нињо, и започнува ладната ” Ла Ниња”.

Земјата полека се лади, вклучувајќи ја секако и Европа и Балканскиот Полуостров. Температурите ќе паѓаат, што значи дека во следните години треба да се подготвиме за се пониски температури, но и поостри и по снежни зими. Сепак тоа не значи дека не треба да очекуваме лето и високи температури, ќе го има летото тоа е многу нормално, но нема да биде како минатите лета и нема да биде екстремно топло.

Следните лета ќе бидат исто така со не толку многу високи температури, но ќе има и повеќе врнежи.

Со сосема исто мислење е и познатиот метеоролог од Србија, мојот колега Иван Ристиќ, па еве што тој објави: Почетокот на Ла Ниња носи леден воздух. Планетата се лади, а африканскиот антициклон, кој е извор на топол воздух, ќе ослабне дури и во Сахара и Мароко. Таму се очекуваат температури под нормалата, напиша мојот колега од соседна Србија Иван Ристиќ на својот Фејсбук профил.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година