Утрински Весник
Македонија

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Dik.webp.webp

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, објави ДИК.

Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот своето право на глас го оствариле вкупно 7935 гласачи.


ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19Ч00 часот, за секое избирачко место и секоја општина, соопшти ДИК.

Оваа реакција на ДИК доаѓа откако на социјалните мрежи цел ден се објавуваат наводни резултати од денешното гласање за повеќе општини.

Можете да прочитате

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 отсто

МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи